За време на карантинските денови Александра Јанева реши да направи нова верзија на синглот „Еве ме пак”, заедно со 25 млади музички таленти, солисти и инструменталисти. Новото видео кое вчера го објави на социјалните мрежи покажува дека пејачката е во цврста врска со своите фанови.
„Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки!”, вели Александра за овој проект снимен во услови на самоизолација.
Целиот нов инструментал од фановите е комплетно снимен во домашни услови, со телефони. Покрај талентите, видеото го разубавуваат искрените реакции на бројните фанови од сите возрасти како и нејзиниот бенд со кој често ја гледавме на настапи низ земјата.