Сакајќи на децата да им ги направат што помалку страшни деновите во карантин и почитувањето за задолжително носење маски на јавни места, компанијата Дизни ја претстави најновата линија маски за лице за најмладите.
Профитот од продажбата на маските за повеќекратна употреба со омилените ликови од цртаните филмови, меѓу кои се Вини Пу, Мики и Мими Маус, Дизни ќе ги донира на непрофитната организација „Меџер“, која е специјализирана за редистрибуција на медицинска опрема на болниците.
Компанијата соопшти дека че подари милион маски за лице за деца и за семејствата на кои тоа им е најпотребно, како и на организации кои работат за спречување на ширење на корона вирусот.
Компанијата веќе подарила голем број маски во Њујорк, Калифорнија, Флорида и Вашингтон.
Маските, а ги има мали, средни и големи, наменети се за децата, но и на оние кои се чувствуваат како деца, соопшти Дизни.
Извор: mondo.rs
Фото: wannabemagazine.com