(Видео) Mеталика со карантинска верзија на „Blackened“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/20 7:01 PM

(Видео) Mеталика со карантинска верзија на „Blackened“

Mеталика објави „социјално-дистанцирана“ кавер верзија на нивната песна „Blackened“, во која секој член на бендот од својот дом го обработува својот музички дел.

-Нешто за вас „зготвивме“ во изминативе неколку денови. Се надеваме дека сите сте безбедни, имајте убав викенд, во воведниот дел од видеото испратија порака момците од Металика.

Плановите на бендот да бидат водечки изведувачи на пет летни фестивали беа откажани поради ширењето на Ковид-19.

Во продолжение, одличната карантинска свирка на култната Металика: