Оздравени 45, заразени нови 15 од Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/20 1:01 PM

Оздравени 45, заразени нови 15 од Ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.

Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е  најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје – 509

             Куманово – 400

             Дебар – 51

             Штип-34

             Прилеп –157

             Тетово – 85

             Струга – 67

             Велес – 77

             Битола –19

             Охрид –15

             Кавадарци – 5

             Гостивар –17

             Гевгелија – 4

             Струмица – 2

             Крива Паланка-5

             Радовиш – 4

             Крушево – 3

             Кочани – 31

             Пробиштип – 2

             Кичево – 2

             Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

             Демир Хисар – 1

             Македонски Брод -2

             Пехчево- 2

             Делчево-1

             Валандово -1

             Виница – 2

 

Направените 199  теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  – 10 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16997 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие во ГОБ „80ми Септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.