Листа на спортови според ризикот од зараза со Ковид-19: Ракометот и кошарката поризични од фудбалот – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/20 7:54 AM

Листа на спортови според ризикот од зараза со Ковид-19: Ракометот и кошарката поризични од фудбалот

Италијанското Министерство за спорт и Италијанскиот олимписки комитет, во соработка со универзитетот „Политехнико“ од Торино, направија обемна студија „Спортот сигурно се враќа“, во која се наведени спортовите по категории во однос на опасноста од ширење на коронавирусот. Опфатени се 387 спортски дисциплини – во категории од 1 (никаков ризик), 2 (мал ризик), 3 (голем ризик) и 4 (висок ризик) во однос на условите за тренирање и натпреварување.

Како што се наведува, спортови што не донесуваат речиси никаква опсаност се пливањето на отворени води, едрењето, голфот и тенисот.

Што се однесува до колективните спортови, најмал ризик има во ватерполото, кој е во категоријата „два“. Фудбалот е сместен во категоријата „три“, а во најризичната категорија „четири“ се ракометот, кошарката, одбојката и сите борачки спортови, преенсува хрватски „Јутарњи лист“.