Група сплиќани на Ривата во Сплит вчера организирала мирен протест под паролата „Излези и бори се“, а во врска со мерките против епидемијата. Се’ завршило со полициска интервенција, пишува сплитска „Слободна Далмација“.
Имено, сплитскиот активист Зоран Буриќ бил приведен во полициска станица поради нарушување на јавниот ред и мир. Проблемот наводно бил што во неколку наврати полициските сужбеници ги ословил со „другар“, а тоа полицајците го сфатиле како провокација и навреда на службено лице.


