СЗО: Сигурни сме дека коронавирусот е од природно потекло – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/20 6:22 AM

СЗО: Сигурни сме дека коронавирусот е од природно потекло

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за вонредни состојби, Мајк Рајан, го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот настанал во лабоработијата во кинескиот град Вухан.

„Сигурни сме дека овој вирус е од природно потекло”, истакна Рајан во обраќањето на новинарите преку видеоконференција.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесу нагласи дека и понатаму е на сила глобалната вонредна состојба поради пандемијата. Тој уште еднаш ги отфрли обвиненијата дека СЗО предоцна реагирала против епидемијата на Ковид-19.

Претседателот на САД, Доналд Трамп,  деновиве изјави дека е уверен оти коронавирусот потекнува од кинеската лабораторија за вирологија, но одби да понуди докази.