Се изживувал три часа, удирал шамари, се заканувал со нож дека ќе ја избоде, а потоа со тој нож и ножици ја истрижал косата до глава. За ова злодело денес во Шид, Србија уапсен е маж поради сомнеж дека на превара и со закани ја намамил неговата поранешна девојка а потоа ја злоставувал. Нему му било одредено 48 часа притвор за кривичните дела противправно лишување од слобода, семејно насилство и изречена му е мерка за забрана на приоѓање и комуникација со жртвата.
– Повеќе од три часа се изживувал над ќерка ми, и удирал толку силни шамари, што после секој удар паѓала. Ја бутнал на под и ја удирал секаде по телото. Бидејќи тоа не му било доволно земал голем нож , прво и се заканувал дека ќе ја избоде до смрт а потоа сосема и ја истрижал косата за да ја понижи. Додека ја стрижел ја исекол на повеќе места по рацете, и ги исчашил прстите и и ја оштетил тетивата. Пробала да ме повик, но и го скршил телефонот. Тој има 120 килограми а таа 50, рекол таткото на девојката.
Според него откако го завршил малтретирањето ја ставил во автомобилот и ја исфрлил во улицата кај што живеат. И се заканил да не вика полиција – ако сака да се сочува себе си и семејството, бидејќи ќе земел најдобри адвокати, дека имал врски и дека не му може ништо“.
-Прво бевме во болница а потоа ја информирав полицијата, која го уапси и приведе. Таа криела дека и додека биле во врска ја малтретирал. Раните на телото ќе зараснат ама во душата и срцето никогаш, рекол таткото.
Според неофицијални информации на “Телеграф.рс” насилникот и жртвата биле во врска и ја прекинале. Тој ден насилникот ја повикал кај него дома, наводно за да се помират. „Најпрво имале вербална расправија“ рекол нивниот извор.