Вечната младост и убавина се императив во времето во кое живееме, па многу жени на сите начини се обидуваат да ги стопираат годините. Дерматологот Рене Роло открила како наједноставно можеме да допринесеме за младешкиот изглед на лицето. Таа тврди дека таканаречената „златна минута“ после туширање или капење клучна за убавината,бидејќи доаѓа до забрзано испарување на влагата од кожата а порите се отворени.
-„Златна минута“ е времето кога ќе се истушираме и исушиме кожата, а порите се отворени. Кожата во тој момент е многу чувствителна, влагата забрзано излегува од епидермот, па за 60 секунди е неопходно да се нанесе тонер или некој хидратантен препарат. Тоа ќе во запре испарувањето на влагата од кожата, за да остане мека и хидратантна со часови после тоа, вели Рене Роло.
Кожата добива здрав сјај и тоа благодарејќи на молекулите на водата кои се клучни за убав тен, без оглед на годините и состојбата на кожата. Многу стручњаци тврдат дека хидратацијата е прв и основен услов за кожа без брчки.
Текст: novosti.rs