Кое е најдобро време за водење љубов? Вашето тело вели дека не е навечер а не е ни по полноќ… – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 11:23 PM

Кое е најдобро време за водење љубов? Вашето тело вели дека не е навечер а не е ни по полноќ…

Лош секс не сака никој, но се случува и таков од време навреме и тоа не е страшно. Лошо е ако се зареди, а партнерите не разговараат за проблемите под чаршафот. Вакви работи би можеле да ја загрозат врската.

За да ги сведете на минимум сексуалните проблеми најдобро е да ги исклучите ризичните фактори, а еден од нив е лошиот тајминг.  Повеќето луѓе водат љубов  навечер или доцна во ноќта, што се покажа како најлошо време за секс.

Едно истражување покажало дека луѓето имаат секс најмногу меѓу 21 часот и еден по полноќ.  Истото истражување покажа и дека вечерниот и ноќниот секс на луѓето не им го пружаат очекуваното задоволство.  Иако  темницата изгледа како најдобро  време за секс, романтика, сте ги завршиле сите дневни обврски и можете да се посветите еден на друг, сепак, тоа воопшто не е  така ако го прашаме нашето тело.  Во тоа време организмот се подготвува за одмор и енергијата е на многу ниско ниво. А од друга страна сексот бара енергија и што подобри перформанси.

Постои уште една причина зошто вечерниот секс не е најдобра опција, а се однесува на либидото. Врвот на либидото кај жените и мажите се разликува низ денот. Жените ноќе се поуморни и помалку расположени за секс.

Постои и внатрешен часовник за секс, со кој управуваат нашите хормони. Поради замор и се што сме насобрале во текот на денот, на телото навечер му е потребен одмор а не секс.

Значи, најдобро време за секс е утрото! Полни сме со енергија, одморени, опуштени, телото ги лачи виталните хормони, тестостеронот е на високо ниво, што влијае добро на либидото. Сетете се дека она што прво ќе го направите наутро , многу влијае на тоа ќе се чувствувате цел ден во тоа тело. А зошто да не се чувствувате фантастично?

Извор: srbijadanas.com

Фото: femina.cz