Актерката Нина Деан стана мајка, се роди Каи – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 10:39 PM

Актерката Нина Деан стана мајка, се роди Каи

Познатата актерка Нина Деан пред неколку часа стана мајка. Таа роди син, кој по желба на Нна и Мартин ќе се вика Каи. Нина се породи во Чаир и таа и бебето се чувствуваат добро.

Нина и Мартин

Радосната вест стаса дури до Еквадор, каде живеат мајка и сестра и и Кили. Дека по втор пат станала баба се пофали и Гоца, која планираше да дојде во Скопје за да го пречека вториот внук, но пандемијата и ги помати сметките а авионскиот билет пропадна.

-Јас сум сега веќе изверзирана баба. Се надевам дека ако не можев во живо, утре ќе го видам Каи на камера. Сега само баба од далеку ги гушка и Нина и Мартин и Каи, вели среќна баба Гоца.

Мартин и таа се сакале уште од деца, но цели 13 години немале никаков контакт. После толку години љубовта повторно им чукна на врата, а денес станаа родители.

Нина е дел од актерската екипа на МНТ.