Германската Влада очекува најтешката рецесија по Втората светска војна – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 8:32 AM

Германската Влада очекува најтешката рецесија по Втората светска војна

Германскиот министер за економија и енергетика, Петер Алтмајер, изјави дека епидемијата на новиот вид коронавирус ќе ја повлече германската економија во најдлабока рецесија од Втората светска војна, пренесува „Анадолија“.

„Ќе ја доживееме најлошата рецесија во историјата на сојузната република“, изјави германскиот министер за економија и енергетика.

Напомена дека германската економија се соочува со интензивни внатрешни и надворешни шокови.

Според него, германската Влада очекува пад на БДП од 6,3 отсто со ефект на мерките преземени да се спречи намалувањето на извозот и ширењето на епидемијата.

Алтмајер рече дека економијата следната година ќе порасне за 5,2 отсто.

„Ако чекор по чекор и пропорционално ги отстрануваме економските и социјалните ограничувања, во вториот дел од годината полека можеме да започнеме со закрепнувањето“, рече германскиот министер.