Работите на мостот „1915 Чанаккале“ што Турција го гради преку Дарданелите напредува со полна пареа. Мостот што ќе ги поврзува Европа и Азија ќе биде долг 3.563 метри (со придружните вијадукти – 4.608 метри), а со главниот распон во должина од 2.023 метри ќе го престигне јапонскиот мост што досега важеше за мост со најголем распон во светот. Најдолгиот мост во светот и понатаму останува во Кина – вијадукт за брзи возови долг 16,4 километри.
Изградбата на мостот на Дарданелите ќе чини три милијарди долари, а треба да биде завршен до крајот на 2022 година. Се очекува мостарината за преминување да чини 15 евра плус ДДВ.


