Турција интензивно го гради мостот преку Дарданелите, ќе биде со најголем распон во светот – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 8:14 AM

Турција интензивно го гради мостот преку Дарданелите, ќе биде со најголем распон во светот

Работите на мостот „1915 Чанаккале“ што Турција го гради преку Дарданелите напредува со полна пареа. Мостот што ќе ги поврзува Европа и Азија ќе биде долг 3.563 метри (со придружните вијадукти – 4.608 метри), а со главниот распон во должина од 2.023 метри ќе го престигне јапонскиот мост што досега важеше за мост со најголем распон во светот. Најдолгиот мост во светот и понатаму останува во Кина – вијадукт за брзи возови долг 16,4 километри.

Изградбата на мостот на Дарданелите ќе чини три милијарди долари, а треба да биде завршен до крајот на 2022 година. Се очекува мостарината за преминување да чини 15 евра плус ДДВ.