Канадски хеликоптер што бил вклучен во вежба на НАТО синоќа исчезнал во водите на Јонското Море омеѓу Грција и Италија, а по неколку часа се пронајдени негови остатоци, соопштиле грчки воени извори.
„Делови од хеликоптерот се пронајдени во зона на морето под контрола на Италија, а Грција испрати хеликоптер на својата воена морнарица во операцијата за спасување“, соопштиле грчките извори.
Грчката телевизија објави дека остатоци од хеликоптерот и едно тело биле лоцирани синоќа, додека по уште пет лица се трага.
Хеликоптерот „циклон“ бил на наосачот на авиони „Халифакс“ и бил дел од вежбата на НАТО недалеку од грчкиот брег.


