Денеска, споре УХМР, времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер. Максималната температура треба да достигне до 26 степени. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд засилување на ветерот и појава на грмежи.
До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло со сочеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно, повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо.



