Креативната директорка на модната куќа “Версаче” Донатела Версаче на втори мај ќе наполни 65 години и се наоѓа на листата најекстремни примери на естетската хирургија. Таа е класичен пример за негативна реклама за вештачко разубавување.
Како млада била многу убава, но како почнала да експериментира со пластиките, впечатокот кој го остава со вакво лице е многу силен и на многумина им е тешко да поверуваат дека таа некогаш поинаку изгледала.
Таа на Инстаграм објави фотографија со славниот брат Џани Версаче од 1993 година, на која се гледа нејзиниот природен изглед, и сите и искоментирале дека некогаш изгледала многу поубаво.
Донатела, со брат и Џани изгради модно царство, а откако тој е убиен во 1997.пред неговата куќа во Мајами, таа управува со компанијата. Минатата година наголемо се зборуваше дека Мајкл Корс ќе го купи модниот бренд, но тоа не се случи.
Ретко која жена на светската јавна сцена има толку големо влијание како Донатела Версаче.
Фото: Инстаграм