На својот Интсграм профил најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја сподели навиката која ја имаат секое утро тој и неговото семејство.
“Добро утро на сите. Вака јас го започнувам својот ден. Најпрво земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ќе го отворам фрижидерот да видам кај се зелените стебленца од целерот. Нив ги ставам во соковник за ладно цедење, за да добијам сок од целер” вели Новак.
Според него, најдобар начин да се почне денот е да се напиете од овој сок на празен стомак.
“Овој сок е полн со минерали, соли и и уште неоткриени елементи кои го чистат вашиот црн дроб. Прави чуда, како за мене и жена ми така и за нашите деца. Искрено, тие не го конзум
ираат чист, туку со додатоци од сок од краставици и јаболки, откри тој.
Какви се придобивките од сокот од целер:
Го намалува ризикот од крвен притисок, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, го намалува холестеролот, ги ублажува воспалителните процеси во телото, богат е со витамин К, го намалува ризикот од рак, го подобрува имунитетот, убаво делува на кожата, добар е варење, го ублажува менструалниот циклус, помага при слабеење, го подобрува сексуалниот нагон, добар е како замена за антидепресиви.
Како да направите сок од целер?
Исецкајте ги стебленцата на целер на коцки, ставете ги во блендер со вода и сомелете ги. Потоа исцедете и напијте се.
Извор: kurir.rs
Фото: ddl.rs