Во регионот на Сибирскиот федерален округ горат 25,3 илјади хектари шума, а во гасењето учествуваат околу 1.100 пожарникари и уште 200 луѓе од другите служби, соопштија од Одделението за шумарство на Округот.
Пратениот на рускиот претседател за Сибир, Сергеј Менјајло, вели дека состојбата со пожарите во тој регион е тешка и се влошува, а периодот на шумските пожари почнал недела-две порано од вообичаеното.
Во однос на истиот период лани, бројот на пожарите сега бил поголем за 4,5 пати, а на зафатената површина за деветпати.


