Наскоро ќе бидат издадени два албуми за незаборав на поп рок ѕвездата Влатко Илиевски, кој почина пред две години. Едниот албум ќе биде реиздавање на дел од неговите песни, кој ќе биде насловен како „Најдобрите хитови“, додека другиот ќе биде до десетина нови песни, кои досега биле само во демо верзии и заради познатите причини немало можност да бидат издадени.
Блиски на Влатко за mms.mk велат дека на времето Влатко во студијата ги има отпеено песните во демо верзија и тие така се останати. Неколку имало кај Кристијан Габровски, неколку кај Владимир Дојчиновски- Дојчин и уште неколку во другите студија.
Идејата да се оживи ликот и делото на Влатко Илиевски е многу убава, бидејки многу од неговите песни беа хитови и штета е да не се вратат во живот. Неговите фанови се уште се потсетуваат на песните на фан страната на Влатко на Фејсбук, која е активна и на која се поставуваат песни, фотографии и настани од негови пријатели, колеги, музичари и од семејството. Песни кои на времето ги отпеал со групата „Морал“, но и соло.
Влатко почина на 7 јули 20128 година. Беше пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје.
За потсетување, Влатко ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија во 2011 година со песната „Русинка“, која се одржа во Дизелдорф, Германија. Еве го неговиот настап на евровизиската сцена:
Фото: beta.publishwall.si