Деветмина осуденици се убиени, а десетина стражари се повредени и ранети во затвор во Лима. Судирите избувнале откакко двајца осуденици починале од коронавирус, објавија перуанските власти.
Бунтот избувнал во затворот „Кастро“. Власите соопштија дека ситуацијата во текот на ноќта била ставена под контрола. Вкупниот број на ранети достигнал до 67. За да им помогне на стражарите, била повикана и полиција.
Бунтот во преполниот затвор почнал со палење душеци, а осудениците барале да бидат пуштени поради страв да не бидат заразени.