„Бритиш ерлајнс“ планира откази на 12.000 вработени – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/20 8:12 AM

„Бритиш ерлајнс“ планира откази на 12.000 вработени

Бритнската авиокомпанија „Бритиш ерлајнс“ планира од работа да отпушти околу 12.000 вработени.

Во соопштението на шпанската групација „ИАГ“, која е сопственик на „Бритиш ерлајнс“, се истакнува дека, во рамките на новото реструктуирање што ќе се спроведе во компаниите од групацијата, се планирало од „Бритиш ерлајнс“ да бидат отпуштени 12.000 луѓе. Се додава и оти минатата година групацијата „ИАГ“ имала оперативен профит од 123 милиони евра, додека во првиот квартал од оваа година, пиради состојбата со пандемијата, има загуба од 535 милиони евра.

„Бритиш ерлајнс“, кој има 45.000 вработени, претходно, искористувајќи ја програмата за поддршка на плати на британската влада, на принуден одмор испрати 22.626 вработени.

Во составот на групацијатта „ИАГ“, покрај „Бритиш ерлајнс“, се и други авикомпании, како „Иберија“, „Еар Лингас“, „Еар Лингас Риџинал“, „Ибериа Риџинал“, „Иберија Експрес“, „БА Сити Флаер“.