Коронавирус-состојба: Британија дневно со повеќе починати од Италија, Шпанија, Франција – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/20 6:13 AM

Коронавирус-состојба: Британија дневно со повеќе починати од Италија, Шпанија, Франција

Според последните податоци, бројот на заразени со Ковид-19 во светот достигна до 3.138.000, излекувани се 955.000, а починале околу 218.000 луѓе. Најголеми се бојките во САД – 1.030.000 инфицирани и околу 58.000 починати.

Во Европа во четири земји бројот на починатите е над 20.000. Ако во Италија, Шпанија и во Франција има подобрување на состојбата на дневно ниво (во трите земји вчера починале по помалку од 400 луѓе), тој број сега е најголем во Велика Британија, каде што за 24 часа се регистрирани 586 починати.

Во Италија вкупно има заразено околу 202.000 луѓе, а бројот на починатите е 27.500, во Шпанија заразени се 232.000, а починале 24.000, Франција – 166.000 (23.300), Велика Британија – 161.000 (21.700), Германија – 160.000 (6.200), Турција – 115.000 (2.995), Русија – 93.560 (870), Иран – 92.500 (5.880)…

На Балканот: Во Македонија вчера бројот на заразените достигна до 1.421, а на починатите на 71, во Србија инфицирани се околу 8.500 луѓе, а починале 168, Хрватска – 2.047 (63), Босна и Херцеговина – 1.585 (62), Словенија – 1.408 (86), Косово – 790 (22), Албанија – 750 (30), во Црна Гора – 321 (7) (вчера трет ден по ред немаше ниту еден новозаразен во таа земја), а Романија, каде што има реиси 12.000 заразени, бројот на починатите достигнал до 663.