Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура треба да достигне до 24 степени. Попладне ќе биде нестабилно наместа со дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
И во следните денови се очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, со максимални 25-26 степени. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме.



