Невестите се спасија од бакнување- На свадба по протокол, со маси на дистанца и маски – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/20 9:59 PM

Невестите се спасија од бакнување- На свадба по протокол, со маси на дистанца и маски

На денешната видео конференција министерот Венко Филипче на новинарско прашање даде објаснување и како ќе се организираат свадбите понатаму, од кога ќе почне нормалниот живот. Се склучуваат бракови под маска, со само двајца сведоци.Како понатаму и дали ќе зависи од повторното отварање на рестораните и како бидејки носењето маски е задолжително во наредниот период.

-Ова е прашање кое што некако ја тангира активноста на Министерството за здравство, затоа шпто комисијата за заразни болести веќе има спремни протоколи за одржување на курсеви и едукации во затворени простории. Сега се работи за работа на рестораните. Сите тие протоколи ќе се споделат со претставници на стопанските комори во рамките на нивната активност. Многу прашања и до Министерството за здравство стигнаа за свадбите, затоа што луѓето закажале.  И тука ќе има одредени  критериуми како ќе се распределат масите, како ќе се одржува дистанцата. Ќе се знае наскоро како ќе се придржуваат до мерките и какви сугестии тие ќе дадат.  Засега е се уште рано, дополнително ќе работиме следните две недели, па и до средината на маја и ќе знаеме. Нормално дека се ова мерки, кои ги носиме со цел да се заштити здравјето, рече Филипче.

Фото: serbia.com