Мажите луди по силиконски кукли, единствениот секси шоп во Македонија бележи пад на продажбата на вибратори – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/20 8:57 PM

Мажите луди по силиконски кукли, единствениот секси шоп во Македонија бележи пад на продажбата на вибратори

Пандемијата го затвори луѓето дома, па место забава во кафулиња и дискотеките, тие се фрлија на секс. Гледано од аспект на времетраењето на полицискиот час и нормално е луѓето единствената забава да ја бараат во сексот.  Но, корона времето на површина ги исфрли барањата на жените и мажите, односно кои се сексуалните играчки кои тие најмногу ги сакаат и ги користат.

Ако го запрашате сопственикот на единствениот секси шоп кај нас, тој како од пушка ќе ви рече: „силиконскиот женски полов орган“. И не може да не се верува бидејќи границите се затворени и ако не од тука, нема од каде да се купат.  А полицискиот час трае и трае и никако да заврши…

-Изненаден сум , бидејќи со години наназад вибраторите го имаа почесното место и ништо не можеше да ги надмине. Ниедна сексуална играчка не беше толку барана како вибраторот. Но, ете, времињата се менуваат и барањата се поинакви.  Тоа всушност е женско торзо, односно голо женско тело  направено од силикон кој е мек како човековото тело. Да појаснам, тоа е средниот дел од телото без раце, нозе а понекогаш и глава, направено е по потреба да вибрира.  Тежи некаде околу 10тина килограми, но има и помали. За поголемите доаѓаат со автомобилот пред дуќан, ќе купат и директно го ставаат во гепек. Додека помалите величини може си ги носат  и под мишка. А тие и повеќе се продаваат.  Има разни видови, но најбарано е црномурестото женско торзо, вели Горан Милиќ, сопственик на секси шопот „Валијант“.

Причината за зголемувањето на продажбата на „силиконските жени“ тој вели дека е токму Коронавирусот, бидејки, од разговор со купувачите, мажите се жалеле дека сопругите во карантин не биле заинтересирани за секс, туку повеќе биле нервозни и се фрлиле на готвење. Но, според него, не е само тоа причината, туку и осаменоста има многу голем удел.

-Во карантин тешко доаѓаат до партнер или партнерка, па ова ти е најсоодветна замена.  Е сега дали задоволството е исто, тие си знаат.  Важно е дека кога ќе дојдат јас им давам ракавици, ги дезинфицирам, бидејќи пред да купат ја пипкаат, проверуваат, гледаат дали им одговара, па затоа мора да се внимава. Не ми се случило да има двајца купувачи одеднаш, бидејќи и во природана на купувачите е внимателноста- да не ги види некој, па сакаат сами да бидат во дуќан. Жените,пак, се поинакви. Тие си гледаат на интернет, си бираат какви вибратори сакаат и после се јавуваат на телефон да нарачаат. Тие не ни доаѓаат во дуќан. Оние кои се разбираат си го одбираат најдоброто за нив. Бараат најнови модерни вибратори, мултифункционални со 12 фрекфенции на вибрација, пулсирање и ротации, направени од чист медицински силикон. Како трето по продажба,пак, се средствата за долготраен секс. А како тоа им делува, не знам.., се шегува Милиќ.

Фото:beinglynnpaterson.files.wordpress.com