Актерката Наташа Мекелхон водеше мирен семен живот со сопругот, пластичниот хирург Мартин Хиригојен Кели и го очекуваа третото дете, кога животот и се промени за миг. Само ден после нивната 10 годишнина од брак, сопругот паднат кај вратата во нивната куќа во западен Лондон, го пронајде негов пријател и колега. Го однел во болницата Челси, каде и двајцата работеле, но му немало помош, иако секогаш бил во добра форма и здрав. Мартин почина на 20 мај во 2008 година на 43 години од животот и тоа од, како што покажа обдукцијата, болест на срцето.
Само пет месеци по смртта на сопругот Наташа го родила третиот син Реџ. Таа претходно ги имаше синовите Теодор и Отис.
Наташа, која е позната по филмовите ” Шоуто на Труман” и “Соларис”, на сопругот по неговата смрт почнала да му пишува писма. Понекогаш ги бележела секојдневните работи кои се случувале на неа и на децата а понекогаш како таа и синовите се носат со губитокот.
Писмата ги претвори во книга “After You: Letters of Love, and Loss, to a Husband and Father”. Ја објави во 2010 година. Досега не пронајде нова љубов и според пишувањата на странските медиуми дури во 2016 година прозборе за својата трагедија.
“Во моментов постојат само моите синови и јас. Тоа апсолутно би можело да се промени. Добра сум во барањето на среќа. Одам напред со надеж”, раскажала актерката.
Објаснила како имала потреба да напише писма, а потоа да ги преточи во книга.
„Бев потполно уништена. Така се носев со губитокот и подоцна ми беше важно да ги објавам, за да опоменам некои погрешни работи кои ги пишуваа луѓето а не го ни познаваа мојот сопруг. Не се каам бидејќи книгата го здогледа светлото на денот. Помогна на некои луѓе, што беше дополнителен бонус“, изјавила актерката.
Текст: dnevnik.hr
Фото: Фејсбук