Штип: Физички нападнат сопственик на автомеханичарска работилница – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/20 4:48 PM

Штип: Физички нападнат сопственик на автомеханичарска работилница

Сопственик на автомехничарска работилница во Штип, бил претепан од две лица. На нападот му претходел уште еден обид, кој од вербален преминал во физички напад, но истиот бил спречен.

На 27.04.2020 околу 17.55 часот во СВР Штип, М.П.(49) од Штип пријавил дека околу 17.00 часот во неговата автоработилница на ул.„Лески“ во Штип, дошол В.М.(45) од Штип, кој најпрвин почнал да го навредува и да му упатува закани, при што се обидел и физички да го нападне, но бил спречен од Т.Ц.(48) од Неготино.

По кратко време во работилницата влегле М.М.(23), С.М.(47) и уште пет непознати лица, од кои две физички го нападнале Т.Ц. Се работи на расчистување на случајот и по целосно комплетирање против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.