Германската Влада одлучила да ја помогне националната авиокомпанија „Луфтханза“ со дури девет милијарди евра.
Според „Бизнис инсајдер“, кој се повикува на извори од компанијата, државата со тие пари ќе добие и малцински пакет во компанијата со право на блокирање одлуки. Државата ќе добие и два мандата во надзорниот одбор на компанијата.
На тоа се договориле претставници на Владата и на „Луфтханза“ синоќа. Првиот човек на „Луфтханза“, министерот за финансии и канцеларката Меркел тој договор требало само формално да го потврдат.


