По седумгодишна „самоизолација“, од пожар избегана овца се вратила дома – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/20 8:27 AM

По седумгодишна „самоизолација“, од пожар избегана овца се вратила дома

Мерино-овца која пред седум години избегала од фарма за време на големите пожари на Тасманија, неодамна се вратила дома, а нејзините сопственици на шега велат дека веројатно била во самоизолација.

По големите пожари што во 2013 го зафатиле и селото Дуналеу, овцата тргнала во авантура што траела седум години. И, иако приказната за нејзината „самоизолација“ е полна со непознаници, едно е сигурно – никој за тие седум години не ја острижел.

Сопственичката на фармата Алиса Греј за австралиски медиум рекла дека овцата кога заминала била мало јагне, па кога се вратила на фармата, нестрижена наликуваа на голема волнена топка.