Новата црква во Русија, висока сто метри, со што ќе биде еден од највисоките православни храмови во светот, требаше да биде звршена и осветена на 9 мај, Денот на победата, кога во Москва се одржува големата воена парада, но поради пандемијата тоа е одложено за понатаму.
Ѕидовите на новата руска православна црква ќе бидат украсени и со ликовите на Владимир Путин, актуелниот руски претседател, на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и на некогашниот советски лидер Сталин. Црквата се гради на подрачје на воен парк крај Москва и е посветена на руските вооружени сили.


