Војската на САД ги објави снимките што претходно неовластено излегоа во јавноста од неединтификувани летечки објакти за, како што стои во соопштението на Министерството за одбрана, да ги потврди инцидентите што се случиле во 2004 и во 2015 година.
Како што се наведува, снимките неовластено се нашле во јавноста во 2007 и во 2017 година, а американската морнарица уште порано потврдила дека се во прашање снимки што ги регистрирале нејзини пилоти.
„Феномените забележени во воздухот и понатаму остануваат окаратеризирани како ’неидентификувани’, се вели во соопштението.
Значи, и ова не придонесе за расветлувањето на мистеријата за постоење вонземјани.