Во изминатите 42 дена во Турција се уапсени 402 лица поради наводно ширење лажни и провокативни објави на социјалните мрежи за пандемијата на Ковид-19. Од Министерството за внатрешни работи е соопштено дека се проверени повеќе од 6.000 профили на социјалните мтежи и оти се осомничени 402 меѓу сопствениците на 855 профили кои ги бараат властите поради провокативни објави.
Според зборовите на неименуван претставник на МВР, корисниците на социјалните мрежи се уапсени зашто се обидувале да предизвикаат паника поради пандемијата со објави во кои, помеѓу другото, ја обвинуваат администрацијата оти нe прави доволно во спречувањето на ширењето на заразата или, пак, давале лажни податоци zа бројот на заразените и починатите луѓе.
Во Турција досега се заразени со Ковид-19 околу 112.000 луѓе, од кои починале 2.900.