Времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Maксималната температура до 26 степени. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи.
И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.