(ВИДЕО) Фудбалерите на ФК„Велешта“ тренираат и покрај забраната!? – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/20 11:28 PM

(ВИДЕО) Фудбалерите на ФК„Велешта“ тренираат и покрај забраната!?

Денес на официјалната страна на ФК „Велешта“  од Струга се појави видео на кое се гледа како  играат фудбал иако поради пандемијата забарането е тренирање во групи, а тоа се почитува и од најголемите клубови во Европа и светот, но тоа за нив не важи.  Видеото брзо беше тргнато, па и покрај тоа предизвика реакции во јавноста.

Од тимот до спортските медиуми пристигнала реакција дека станува збор за недоразбирање, односно дека  мештаните си играле фудбал и дека таму немало ниту еден играч или било кој од клубот.

„Тоа беа жители на селото кое се собраа и самите си играа фудбал, не станува збор за клупски собир“,  одговориле од Велешта.

А дека „Велешта“  баш и не се придружува до мерките и препораките покажува  видеото каде клубот со кое  сами на својата официјална страна  се пофалија со „лајв“ на кој се гледа како екипата тренира.

Извор: sportski.mk

 

https://www.facebook.com/103734994659331/videos/657019181810066/