И Словенци итно го напуштаат КФОР на Косово поради коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/20 11:16 AM

И Словенци итно го напуштаат КФОР на Косово поради коронавирусот

Тројца словенечки војници, кај кои е констатиран Ковид-19, вчера попладне се вратија во Словенија од Косово каде што беа во состав на КФОР, пренесува „Србија данас“.

По слеувањето на љубљанскиот аеродром, воено-медицински тим ги однесол војниците, кои се чувствуваат добро, на Клиниката за инфективни болести во Љубљана. Таму треба да биде одлучено какво лекување им е потребно. Уште еден словенечки државјанин се врати со истиот авион на барање на Министерството за надворешни работи.

Во меѓувреме, епидемиолошки тим е испратен во базата на КФОР на Косово да ги дезинфицира просториите во кои престојувале тројцата војници. Во КФОР служат околу 250 словенечки војници од вкупно 3.500 припадници во таа меѓународна мисија.

Пред неколку дена од Косово се вратија и заразените војници од Црна Гора и од Хрватска.