MTB: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/20 11:06 AM

MTB: Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети

Министерството за транспорт и врски, објави соопштение со објаснување во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје”и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.

– Сакаме да потенцирме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање  на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.
Тоа значи дека се додекане се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници, пишуваат од министерството.

Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

– Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.
За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме, се вели во соопштението.