Вредна чистачка во библиотека во градот Њумаркет во британскиот регион Сафолк направила генералка и сите рафтови со книги ги преуредила и, за да изгледаат поубаво, наместо по азбучен ред, книгите ги наредила според нивната големина.
Библиотекарите се фатиле за глава кога утрото по викендот дошле на работа.
„За среќа, поради пандемијата библиотеките сега се затворени за читатели, па ќе имаме време повторно да ги сортираме книгите. Чистачката е прекрасна жена и одлично ја извршува својата работа. Ова било грешка, па сите ќе ја исправиме и не секаме таа да се чувствува лошо поради ненамерната грешка“, изјавил портпаролот на библиотеката за Би-Би-Си.


