Вакцината против коронавирусот стигнува во октомври? – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/20 9:11 AM

Вакцината против коронавирусот стигнува во октомври?

Вакцината против коронавирусот, која во Велика Британија пред неколку дена стигна до фаза на тестирање врз луѓе, би можела на пазарот да се појави во октомври, смета Адар Панавала, генерален директор на Серум-институтот на Индија (СИИ), кој планира да ја произведува вакцината,

Вакцината ја прават научници од Оксворд, а ССИ планира да почне со производство веќе за две до три седмици. Но, доаѓањето на вакцината на пазарот ќе зависи колку ќе биде успешно нејзиното тестирање врз луѓе, пренесува „Индекс хр“.

„Нашиот тим одлично соравотува со д-р Хил од Оксворд и очекуваме почеток на производството за две-три седмици. Првите шест месеци ќе произведуваме по пет милиони дози месечно, а потоа се надеваме и на десет милиони. Вакцината на пазарот треба да се појави во октомври. Производството го почнуваме на сопствен ризик со цел да има доволно дози за сите ако клиничките тестирања се покажат како успешни. Вакцината нема да ја патентираме зашто сакаме да има проиводство и продажба во цел свет, а не само во Индија“, вели Понавала.