Зелена оаза на вашата тераса: Од бетон до приватна џунгла ве дели само кративна идеја   – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/20 7:11 PM

Зелена оаза на вашата тераса: Од бетон до приватна џунгла ве дели само кративна идеја  

Вашата тераса може да стане ваша природна оаза со само неколку трикови и малку креативни идеи.

Доколку во стан поседувате тераса во било која големина можете многу едноставно да ја претворите во вистинска мала градина во која ќе уживате во зеленило и цвеќиња, заштитена од градското сивило и комшиски погледи.


Вашата оаза мирна и совршена, на која ќе доминира зеленилото и вашите омилени цвеќиња секако дека може да ја донесете сами на вашата тераса.


Со оглед на тоа колку сакате зеленило, вашата тераса може да биде украсена со едно големо растение и да додадете уште неколку мали саксии со цвеќиња, а може вашата тераса да ја претворите и во вистинска модерна џунгла, каде ќе имате чувство како да седите некаде во природа и тоа егзотична.


Со оглед на тоа што визуелно убаво изгледа, зеленилото има и ефект на опуштање но и го прочистува воздухот околу вас.


Бегството од градската гужва и врева, стресот на работа или едноставо моментите на опуштање повеќе не мора да ги барате во парковите или да одите некаде надвор од градот. Сето тоа може да го имате во комфор на сопстевниот дом со неколку креативни идеи, растенија и добро осветлување.


Можностите ви се неограничени потребно е само да замислите и да се фрлите на работа. А кога еднаш веќе ќе почнете да уредувате, ќе ви биде тешко да престанете да ја доуредувате вашата тераса.