Ние постоиме а вие не, Џегер му одговорил на Пол Макартни дека „Битлси“ не се поголем бенд од „Ролинг стоунс“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/20 11:00 AM

Ние постоиме а вие не, Џегер му одговорил на Пол Макартни дека „Битлси“ не се поголем бенд од „Ролинг стоунс“

Пејачот на групата „Ролинг стоунс“, Мик Џегер  му одговори на Пол Макартни, кој рече дека „Битлси“ биле поголем бенд од „Стоунси“, додека гостуваше во една емисија.

-Натпревар меѓу бендовите очигледно не постои. Сладок е, но јас сум политичар. Големата разлика меѓу бендовите е фактот што „Ролинг стоунс“ е стадионски бенд, а „Битлси“ никогаш не биле на турнеја по арени. Се распаднаа пред да имаат прилика нешто слично да направат, но ние продолживме со концертите. Уште една разлика е тоа што ние имаме среќа што и денес свириме големи концерти, а другиот бенд не постои, рекол Џегер, а  пишува „Дејли меил“.

Пол Макартни пред неколку дена во интервју рекол како ги почитува и сака „Стоунси“, но смета дека „Битлси“ бил поголем бенд од нив.

Фото: leader-call.com