Вежбам дома со ќерка ми Сара и најубаво ми е- Индира Кастратовиќ за ракометот и за домаќински работи – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/20 8:00 AM

Вежбам дома со ќерка ми Сара и најубаво ми е- Индира Кастратовиќ за ракометот и за домаќински работи

За Индира Кастратовиќ не треба посебно претставување, се што направила во ракоментот е видено и кажано. Но, не се знае што прави во време на корона, кога застана спортот,  нема натпреварувања, нема секојдневни тренинзи и се е сведено на седење дома. А дома сега има време за се она што досега го неала- читање книги, рецепти, вежбање дома со ќерката Сара или гледање филм со сопругот Зоран. Еве што таа вели за ммс.мк.

Природата на луѓето во спортот налага постојана подвижност и активност. Како ги поминувате овие денови во самоизолација? Што правите дома и дали можеби откривте некој нов талент, за кој досега не бевте свесни дека го поседувате?

-Оно што редовно го правам е одење на работата, во работните денови, каде поминувам по неколку часови со дневните обврски.  Времето после ручек го поминувам во прошетката на кејот покрај реката Вардар заедно со сопругот, почитувајќи ги сите мерките пропишани од страна на владата. Во вечерните термини сум вклучена во работилница за тренери организирани од Здруженија на тренери во Македонија и Србија, на кои зборуваме на ракометните теми во времето на пандемијата.  Нормално е да наоѓам и време за вежбање, особено ми годи вежбањето со ќерка ми, по пат на Зум апликацијата.

Читаш книги, месиш,готвиш,  правиш торти, плетеш..?

-Во времето на изолацијата наоѓам повеќе време и простор за читање на книги, главно белетристика. Малку го усовршувам готвењето,  особено со некои нови рецепти за благи работи. Еден дел од слободно време користам за учење на странски јазик. Разбирливо е дека се што има свој почеток го има и својот крај. Посветувајќи се на себе си и своето семејство, во ситуацијата која ни се случува за прв пат во нашите животи, можеме да согледаме колку време трошевме на небитни работи, запоставувајќи најбитните животни прашања. Уживајте во животот, сакајте се и бидете ми здрави!

Колку тешко Вам и на вашето семејство ви паѓа тоа што границите се затворени и празниците нема да можете да ги поминете во Црна Гора односно Босна и Херцеговина кај вашите најблиски?

-Што се однесува до одење накај Босна и Црна Гора, тука корона не прави некаков посебен проблем. Јас сум постојано ангажирана во клубот, а за нас спортисти и спортски работници одење во матичните држави, и гледањето со поширокото семејство се случува еднаш годишно.

По феноменалната играчка кариера, се испробавте и во тренерските води и го однесовте ЖРК „Вардар“ на „Фајнал форот“ во Лигата на Шампионите. Сега останувате во ракометот, но во малку поинаква и релативно нова улога за Вас. Колкав е предизвикот на позицијата „оперативен менаџер“ во ЖРК Вардар и како се справувате на оваа позиција?

-Моите задолженија во ЖРК „Вардар“ се да на најквалитетен можен начин дадам поддршка во работење на играчки кадар и тренерите, овозможам најдобри услови за нивниот ракометен развој. А се што е поврзано со ракометот ми причинува задоволство затоа што тоа го работам со голема љубов.

Повеќе од јасно е дека последиците кои ќе ги остави пандемијата на коронавирусот во глобални рамки и во сите општествени сегменти, ќе бидат несогледливи. Како пост-корона периодот ќе се рефлектира врз ракометот, кој ионака важи како не многу профитабилен спорт од финансиски апсект?

-На глобално ниво очекувам, во прво време, намален интерес на спонзорите особено ако продолжиме да играме без присуство на публиката за која всушност и играме.  Мораме да почекаме како ќе се одвиваат работите, пред се што ке се случува со тајмингот за наставак на тренажен процес и почеток на натпреварувања.

Дали можеби очекувате промени на самата игра? Редуцирани трансфери, поголем фокус врз сопствените академии и младински категории, што во секој случај би претставувале и своевиден бенефит од целата ситуација?

-Оваа новонастаната ситуација досега е незабележана во спортот. Секако дека врвните клубови ни досега не се ослонуваа на играчи од сопствените младински категории. Главно купува играчи кои беа достапни на пазарот. Ние во ЖРК „Вардар“ интезивно работиме со помали категории, и едно е сигурно, дека играчи за сениорски состав во иднина ќе црпиме од сопствената ракометна академија. Што се однесува до промените во самата игра, тука не гледам простор за поголеми промени.

Со оглед на масовните одложувања на спортските настани низ светот, а и кај нас, кое е вашето видување за тековната сезона? Дали Македонската ракометна женска СуперЛига треба целосно да се поништи, без да биде прогласен шампион, или пак да биде сезоната потврдена и шампионскиот примат да го преземе екипата која до моментот на прекинување на сезоната била водечка на табелата?

-Тоа треба да биде во домен на ракометните клубови. Клубовите би требало со своите предлози да излезат пред УО на РФМ. Тоа тело треба да донесе конечната одлука за тековната сезона.

Каква е вашата долгорочна проекција за ЖРК „Вардар“ и колкав е потенцијалот на младинските категории во клубот, за достигнување на нови висини и враќање на македонскиот клупски ракомет на европска ракометна мапа?

-Во нашиот клуб сме посветени на работата со помали категории. Всушност ние во сениорската конкуренциа настапуваме со речиси младинскиот состав. За да ги видиме резултатите на нашата работа пресуден фактор е време. Се надевам дека во иднина ќе дадеме одреден број на ракометаркиза сениорската репрезентација.

Формула за консолидирање на македонскиот женски ракомет на репрезентативно ниво?

-Работа, работа, работа и соодветните вложувања.

Давор Јосифоски