Деца од социјално загрозени семејства на кои училиштето им обезбедува бесплатна храна истата ја добиваат и додека се во карантин, благодарејќи на нивниот најсакан професор и поранешен војник, Зане Паулес.
Не носат сите суперхерои специјална облека, некои од нив имаат оргромни ранци, како професорот, Зане Паулес.
Тој работи во основно училиште во западен Гримсбиј во Британија, а сите го знаат по хуманите дела и љубовта кон децата. Тој секој ден поминува повеќе од осум километри со цел на своите ученици да им достави бесплатен оброк кој им се дели додека се на училиште.
Целата храна тежи нешто помалку од 20 килограми, а Зане дневно посетува 78 ученици. Тој е поранешен војник, па навикнат да оди на терен, но на оваа работа никој не го присилува туку тој тоа го работи доброволно.
Освен тоа тој тоа го гледа како идеална можност да ги провери учениците, нивното расположение, ги мотивира и им дава задачи.
Во меѓувреме, директорката Ким Леачи и уште еден професор носат 25 додатни бесплатни оброци со автомобил на семејствата кои живеат подалеку. Но на Зане не му се радуваат само децата, туку и родителите кои се во карантин и среќни се бидејќи имаат некој вид на комуникација со повозрасна личност.
Што точно прави овој професор, тој сам зборува во интервју за Би Би Си.
Millions of people have seen him delivering school meals on foot in Grimsby. @peter_levy caught up with @zaneyteacher to ask him why he and his school were so determined to help. pic.twitter.com/wVHNYkEYtS
— BBC East Yorks and Lincs (@looknorthBBC) April 15, 2020
https://platform.twitter.com/widgets.js
Неговиот алтуризам и љубов кон децата е навистина единствена, и пример е за тоа дека постојат и прекрасни професори.