Социјалната мрежа Фејсбук, со цел на своите корисници да им го олесни поврзувањето во време на пандемија со Ковид 19 која продолжува со ширење ширум светот, покрена нова опција во групниот видео чет.
Во соопштението од Фејсбук е наведено дека Messenger Rooms ќе им овозможи на луѓето да се состануваат со пријателите, семејството или личности со исти интереси. Корисниците ќе можат да поканат други луѓе да им се придружат да креираат соба по пат на Messenger или Фејсбук.
Личностите кои се поканети на разговорите нема да имаат потреба од сметка на Фејсбук или апликација за Messenger.
Messenger Rooms разговорите ќе овозможат вклучување на повеќе од 50 луѓе и нема да има временско ограничување. Личноста која ќе ја направи врската за чет ќе може да одреди кој се може да се приклучи во тимот за чатување и да го затворите пристапот ако не сака повеќе луѓе да се приклучат на групниот чет.
Поканетите личности ќе можат да се вклучат со разговор од телефон или компјутер без преземање на било каква друга апликација и ќе има пристап до многу филтри, посебно оние од Messenger апликацијата со позадини и различни други ефекти.


