„Корона чао“ на Дац и Митевски ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/20 10:53 AM

„Корона чао“ на Дац и Митевски ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Седењето по дома во вонредна состојба поради пандемија, е време да ја разбудите креативноста во вас и да направите нешто што ќе биде поттик и за другите околу вас. Музиката е таа која не развеселува во вакви моменти и е единствениот спас да ги оттргнеме мислите од секојдневните информации.

Актерот Драган Спасов Дац и композиторот Александар Митевски, својата креативност ја покажаа на дело со споделување на песни во нивна преработка на социјалните мрежи. Последниот хит навистина предизвика позитивни реакции.

„”Корона Чао” е кавер на познатата Bella Ciao, во придружба на Брастет Скопје, направен за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов 🙂 Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла. Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински” online настапи на FB. Уживајте и пејте со нас :)“, пишува веднаш под видеото објавено на Јутјуб.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=KK8zXgRCntU]