Необична полициска акција во Сараево: Полицајци спасија патка и девет пајчиња – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/20 8:32 AM

Необична полициска акција во Сараево: Полицајци спасија патка и девет пајчиња

Несекојдневна полициска интервенција имало синоќа во Сараево. Сараевските полицајци синоќа спасиле патка со нејзините девет пајчиња, кои тргнале по опасна патека низ градот. Мајката-патка првин со малите преминала улица при што биле прегазени две пајчиња.

Тогаш, во спасување притекнале полицајците. Двајца од нив не дозволиле повеќе нешто да им се случи на патката и на преостанатите девет пајчиња. Им биле лично обезбедување додека да се вратат од Вилсоновото шеталиште до реката Миљацка, во која живеат диви патки. Постапката на полицајците наишла на одобрување на жителите на главниот град на Босна и Херцеговина.

Слична полициска „интервенција“ за спасување пајка со пајчиња деновиве имаше и во Загреб, главниот град на Хрватска. Како и други животни и птици, и пајките се рашетаа низ празните градови поради вонредната состојба.