„YOUTUBE“ ПРОСЛАВИ 15 ГОДИНИ ОД ПРВОТО ПОСТАВЕНО ВИДЕО – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/20 12:37 PM

„YOUTUBE“ ПРОСЛАВИ 15 ГОДИНИ ОД ПРВОТО ПОСТАВЕНО ВИДЕО

Еден од основачите на “Youtube”,пред 15 години на 23 април во 2005-та година го постави првото видео на платформата со наслов „Јас во зоолошката градина“, Останатото е историја-велат основачите.Видеото на Џод Карим(еден од основачите) е долго само 18 секунди и има повеќе од 90 милиони прегледи.Тоа е единственото видео на неговиот канал.Карим имал 25 години кога  го  направил ова кратко видео од слонови во зоолошката градина во Сан Диего, Калифорнија.

Џод Карим, Стивен Чен и Чад Харли се основачите на YouTube. Тие се поранешни работници  во фирмата PayPal. Доменот “YouTube.com“ е активиран на 15 февруари 2005 година, а во текот на следните месеци страната се повеќе и повеќе се развива. Во мај 2005 страната и е понудена на преглед на јавноста, а 6 месеци подоцна и официјално почнува со работа. “YouTube” е започнат со приватни средства, а инвеститорската фирма „Sequoia Capital“ во ноември, 2005 вложува 3,5 милиони долари, за потоа во април, 2006 да вложи дополнителни 8 милиони долари. На 9-ти октомври 2006 год. најавено е дека компанијата ќе ја превземе Google за 1, 65 милијарди долари. Договорот е потпишан на 13 ноември, а во него стои дека “YouTube” ги задржува своите 67 работници и продолжува да работи независно од Google.