Kако ќе изгледаат седиштата на авионите по пандемијата – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/20 11:58 AM

Kако ќе изгледаат седиштата на авионите по пандемијата

Новиот дизајн на седиштата можеби би можел да биде иднина во патувањето со авион по пандемијата на Ковид-19. Се работи за хигиенски панели вградени во секое седиште, а средните седишта би биле свртени наназад. Овој начин на седење во авионите по стравот од зараза го развила компанијата „Авиоинтериорс“.

Во економската класа секое седиште би имало пластичен оклоп во облик на буквата Ѕ околу главата за да се спречи контакт со патникот од соседното седиште, а притоа се овозможувала комуникација.