Пред неколку дена, за време на полициски час, во едно семејство во српскиот град Лозница се случила непредвидлива ситуација – децата ја чекале тортата, а мајката заборавила да ги купи јајцата пред да настапи полицискиот час. За да не ги изневери очекувањата на своите четири деца, мајката се сетила на често објавуватата порака од полицијата – „Останете дома, ние сме со вас“, па заѕвонила на полицискиот број со своето необчно барање.
„Се јави жената и од мене побара да и’ дозволам да отиде до пријателката што живеела на 500 метри подалеку од нејзината куќа за да земе јајца за тортата. Секако, и’ реков дека не сум во можност да и’ дозволам во тоа време да ја напушти куќата. Таа ми објаснуваше дека има четири мали деца кои ја чекаат ветената торта. И’ понудив да почека да ја завршам својата смена, па јас лично ќе отидам кај нејзината пријателка за да ги замам јајцата, а потоа ќе и’ ги однесам дома“, за РТС ја раскажа приказната дежурната полицајка Тамара Петровиќ.
Така и било. Пред семејната куќа, вредната полицајка среќно ја пречекале четирите деца.


