Доколку поради пандемијата не излегувате од дома, или помалку се движите, не одите во теретана или на пилатес, тоа е многу лошо за вашето тело, бидејки физичката активност го одржува. Важно е да останете во форма поради физичкото и менталното здравје, потребно е шетање барем 10 минути. На здравите луѓе од 18 до 65 години им е потребно најмалку два часа физичка активност, како што е пешачењето или час и половина вежбање за да останат во форма, пренесува “Дејли мејл”.
Недостатокот од физичка активност придонесува за болка во грбот, дебелеење и проблем со несоница, предупредуваат стручњаците. Ако ги бирате вежбите од Јутјуб, тогаш фитнес тренерите велат дека треба да бидете внимателн и да ги прилагодите на вашите способности и желби. Најважно од се е доволно да се спие и здраво да се храни за да се одржите во форма и секако тоа да го искомбинирате со редовна физичка активност.
Фитнес инструкторите предлагаат едноставен сет на вежби кои може секој да ги направи, без посебна опрема и траат само 15 минути. Направете 10 стомачни, потоа 10 склекови, па 10 чучнувања. Потоа една минута пауза па повторно од почеток се додека не поминат 15 минути.
Извор: mondo.rs
Фото: lavie.rs